Еден од најатрактивните кошаркари во Европа пристигнува во Минако.
Џон Браун официјално стави потпис на тригодишен договор со тимот од кнежеството. Се работи за 30-годишен амерички крилен центар, кој го краси борбеност, неисцрпна енерги и префинето чувство за игра. Претставува еден од најсилните и најборбени играчи од богата ризница на млади атлети од Џексонвил, Флорида. Ланската сезона ја подели помеѓу италијанска Бреша и руски УНИКС Казан. Во досегашната интернационална кариера има настапувано и за уште три италијански тимови Виртус Рома, Тревизо и Бриндиси.
Ова е трето засилување за тимот од Монте Карло, по Џордан Лојд кој пристигна од руски Зенит и Ели Окобо кој пристигна од ривалот во домашното првенство (и актуелен државен првак) АСВЕЛ. Главниот играч во тимот, Мајк Џејмс го продолжи договорот и токму од него се очекува одлична соработка со новодојдениот Браун.
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















