Мистеријата на египетските гробници крие неверојатна вистина – новото откритие го промени текот на настаните

635

Египтолозите дошле до заклучок дека поголемиот дел од гробниците никогаш не биле ограбени затоа што не биле гробници туку портали.

Пирамидите никогаш нема да престанат да ги интригираат луѓето, а научниците познати како ”астроегиптолози” имаат нова теорија за тоа за што служеле.

Поголемиот дел од пирамидите и гробниците во кои што успеале да влезат археолозите биле празни.

Гробницата на Тутанкамон е една од ретките во кои што е сочувано богатство и е основа на Египетскиот музеј.

Поради тоа до денес постои верување дека истите биле ограбени. Дали тоа навистина е така?

„Што доколку гробниците не биле ограбени туку отсекогаш биле празни?“

Поголемиот дел од пирамидите се огромни градби во кои што се кријат долги и тесни ходници. Во нивната внатрешност се наоѓат празни гранитни ковчези.

Една од најголемите енигми се ковчезите Serapeum.

Овој локалитет во Сахара е најпознат по Зосертовата степенеста пирамида, но во нејзината внатрешност истата е неспоредливо интересна.

Имено, пронајдени се 24 гранитни гробници и сите биле празни. Единствени тела кои што се наоѓале таму биле мумифицирани бикови. Секој од овие поединечни ковчези е тежок 70 тони.

Инаку, гранитот е донесен од Асуана.

Како гранитните плочи биле поместувани и внесувани под земјата? Како успевале да ги внесат низ тесните ходници?

„Што доколку тоа воопшто не биле гробници, туку тие ковчези се користеле за пренесување на телата?“ – се запрашал Роберт Баливал, египтолог.

Древните Египќани имале развиено верување во задгробниот живот во кое што основната идеја била дека по смртта преминуваат во некаков нов живот.