Се огласи поранешниот шеф на британските разузнавачи: Коронавирусот е создаден во лабораторија како експеримент

202

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба „МИ6“, Ричард Дирлав изјави дека би сакал отворена дебата околу тоа од каде потекнува коронавирусот.

Дирлав предупреди дека не треба да биде отфрлена идејата дека вирусот потекнува од лабораторија. Според него, Ковид-19 е конструиран и случајно побегнал од лабораторија во кинескиот град Вухан каде што беа регистрирани првите случаи.

Неговото мислење е во спротивност со ставот на научниците дека “SARS-CoV-2” не е создаден од човекот.

Коментарите на Дирлав доаѓаат во моментите кога тим на научници на Светската здравствена организација се подготвува оваа недела да отпатува во Кина за да го истражи потеклото на вирусот кој уби повеќе од половина милион луѓе ширум светот.

„Поддржувач сум на теоријата дека вирусот потекнува од Институтот за вирологија во Вухан“, изјави Дирлав кој беше прв човек на најмоќната британска разузнавачка служба во периодот од 1999-та до 2004-та година.

„Не велам ништо друго, освен тоа дека станува збор за последица на несреќа и дека вирусот е резултат на експерименти кои се вршени во Вухан“, изјави Дирлав.