Милвоки стана НБА шампион по 50 години (Видео)

57

Милвоки Бакс е нов НБА шампион и успеа да ја добие серијата со Феникс Санс со 4:2, по победата на шестиот натпревар со резултат 105:98.

Јанис Адетокумбо одигра уште еден маестрален натпревар на кој реализираше дури 50 поени, откажувајќи го противникот од посакуваната мајсторка на домашен терен.

Грчкиот кошаркар го одигра најдобриот плејоф натпревар во кариерата кога беше најпотребно, а покрај добриот просек од поле, реализираше и 17 од 19 слободни фрлања, што вообичаено е недостижен просек за него.

Реализаторски, далеку зад Адетокумбо се најдоа Мидлтон со 17 и Портис со 16 поени, додека во редовите на Феникс, Пол го заврши натпреварот со 26, а Букер реализираше 19 поени.

Очекувано Адетокумбо е прогласен за МВП на НБА финалето, додека за Милвоки ова е прва титула по 1971 година.