Против актерот и водител Милан Калиниќ е поднесено обвинение, кое е доставено до судот, поради учество во тепачка на мечот што се одигра меѓу Црвена Звезда и Партизан во април 2019 година.
Како што пренесува неофицијално Блиц , Калиниќ е обвинет за кривично дело насилно однесување на спортски настан или јавен собир, а тој ќе мора да се појави на суд 25 јануари.
За потсетување, инцидентот се случил во салата „Пионир“, а мотивот за конфликтот наводно била дискусија за седење во ВИП делот.