Естрадниот магазин „Бекстејџ“ реши да организира една мала хуманитарна акција во која ја вклучи и домашната естрада, а истата го носи името „Еден сон, една порака, една ѕвезда… милион насмевки“.
Имено, во овој период од годината актуелни се новогодишните честитки, а екипата на „Бекстејџ“ во соработка со познатите личности реши на уникатен начин да ги изненади своите гледачи и фановите за прв пат ќе имаат можност да добијат специјална честитка од својот идол.

На пример, доколку ваши идоли се двоецот „2Бона“ , сега имате посебна можност да добиете новогодишна честитка со желби од нив, а се што треба да направите е да донирате за некое болно дете преку телефонските броеви за донации кои што веќе се вртат на крол во рамки на емисиите на „Бекстејџ“, а истите можете да ги најдете и на официјалните страници на Инстаграм и Фејсбук на „Бекстејџ“ – @backstage_macedonia.

Вашата донација фотографирајте ја преку опцијата screenshot која што ја имате на вашите мобилни телефони и пратете ни ја во ДМ, односно инбокс на нашите профили на социјалните мрежи.

Честитката ќе пристигне во Вашиот дом за кратко, секако, виртуелно.

Да бидеме хумани, среќни и насмеани!











![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)






















