Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Економски Магазин“ се осврна и на процесот на промена на името и идентитетот. При тоа тој се осврна на два моменти.
– Првиот дел е оној суштинскиот. Тоа е дека власта со нејзиното политичко функционирање, или владата и Зоран Заев и луѓето околу него функционираа на една основа, го украдоа името, го украдоа презимето, го понижија идентитетот, ја уништија гордоста и достоинсвтото на граѓаните во Македонија, посочи Мицкоски. Според него Македонија никогаш не била во полоша ситуација.
– Втората работа е пљачка криминал и корупција. Тоа е политичкото функционирање на оваа владеачка гарнитура. Затоа велам дека Македонија никогаш не била во полоша ситуација, рече Мицкоски. Оттука поради овие работи, според него е многу јасно дека на престојните избори во април ќе загубат и ќе следи обнова на Македонија.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















