Детали за убиството на 11 годишното девојче од Грција:Чичкото го фрлил телото па отишол да спие

424

Откриен е мотивот за убиството на девојчето (11) во Грција, чие исчезнување било пријавено ноќта меѓу неделата и понеделникот, а кое вчера беше пронајдено мртво на подрачјето на Илиа.

Полицијата го уапсила нејзиниот чичко, кој го признал делото.

Чичкото на рочиштето рекол дека го избодел девојчето со шрафцигер, а потоа ги одвел инспекторите на нивана каде го оставил телото на малата Василика.

Според наводите, чичкото рекол дека пред убиството сакал да има секс со својата мала внука. Секако, девојчето го одбило и му се заканувала дека ќе им каже на родителите, по што тој фатил шрафцигер и ја прободел неколку пати во градите и грбот.

Извори од истрагата наведуваат дека детето имало повреди на рацете, најверојатно добиени додека се обидувала да се одбрани од силувачот. По убиството, чичкото го однел телото на девојчето на нива и го фрлил.

После тоа се вратил дома и си спиел, како ништо да не се случило. Утрото отишол на работа и на сите им кажал колку е загрижен за неговата исчезната внука.

Тој е уапсен откако полицајците ја погледнале снимката од надзорните камери и откриле дека девојчето во неделата вечерта влегла во автомобилот на нејзиниот чичко. Чичкото ја земал во автомобилот Василика недалеку од куќата на нејзиниот дедо.

Откако сфатиле дека чичкото на малата Василика бил на суд поради силување малолетничка, веднаш сфатиле дека тој е одговорен за исчезнувањето на девојчето.