Мечки во Галичник бркаат по контејнери!

165

Соопштение на страницата МЗ Галичник:

Веројатно сте забележале дека летово, секое утро, низ цел Галичник наоѓаме превртени контејнери. Не се работи за невкусни шеги! Всушност, во Галичник имаме редовни посети од Менда со мечиња, кои мислат дека контејнерите секојдневно ги полниме со вкусен оброк за нив!

Деновиве Галичник е полн, отпад има многу а поради високите температури ѓубрето брзо скапува, се шири непријатна миризба и чистењето е тешко.
Додека да најдеме трајно решение, апелираме:
– трудете се органскиот отпад да го одлагате во дупка во двор,
– редуцирајте го отпадот кој оди во контејнер,
– ако сте на краток престој, понесете го ѓубрето со себе.
Ви благодариме!

линк:https://www.facebook.com/mzgalichnik/