Тимот на Јувентус вчера во терминот од 12:30 часот го одигра натпребарот против Сасуло во рамките од 12. коло од Серија А.
„Старата дама“ денес не победи против Сасуоло и одигра само 2:2. Со тоа му даде прилика на Интер да го превземе врвот на табелата.
Не изгледаше дека Јувентус ќе има проблеми кога во 20. минута Бонучи постигна гол за водство. Меѓутоа водството на Јувентус траеше само три минути, Сасуоло преку Бога успеа да изедначи.
На стартот на вториот дел после комбинираниот кикс на Де Лихт и Буфон Сасуоло стигна до предност.
Јувентус до изедначување стигна во 67. минута преку Роналдо откако претходно Паоло Дибала изнуди најстрога казна.
Треба да се истакне дека на голот на Сасуоло денес бранеше 18 годишниот Стефано Турати за кого ова беше деби, не само во Серија А туку воопшто во професионалиот фудбал. Турати имаше супер настап и одбрани неколку тешки удари на фудбалерите на домаќинот.