„Ме врза со лисици и со селотејп ми ја залепи устата“: Кардашијан и понатаму има трауми од тоа што ѝ се случило пред 4 години

108

Ким Кардашијан проговорела за кражбата која што нејзе ѝ оставила големи трауми, а се случила во Париз пред четири години.

Ријалити ѕвездата во емисијата на Дејвид Летерман открила дека се плашела додека крадците ѝ држеле пиштол вперен во слепоочницата и дека нејзината постара сестра Кортни подоцна ќе ја затекне во собата мртва.

Старлетата таа вечер престојувала во хотелска соба додека Кортни била на забава со нивното обезбедување. Ким раскажала дека таа година го спакувала целиот свој накит за неделната мода во Париз, што тоа не е нешто што некогаш претходно го правела.

„Во околу три часот наутро слушнав чекори по скалите и поради тоа почнав да паничам затоа што верував дека некој ќе ме фати“, изјавила таа.

Ким се расплакала додека раскажувала за моментот кога еден од крадците ја „зграбил“ додека била гола во бањарката затоа што се исплашила дека ќе ја злоставува.

„Си мислев дека тоа е моментот кога ќе бидам силувана. Тоа ќе се случи, само треба да се подготвам. Потоа ме врза со лисици и со селотејп ми ги залепи устата и очите“, признала старлетата.

Дури кога крадците биле уапсени, Ким открила дека две години пред грабежот тие ја следеле и веќе претходно се обидувале да ја нападнат, но Кание бил со неа и тоа не се случило.