Овие славни дебело профитираа од разделбите: Ова се најскапите разводи на сите времиња

73

Разводот сам по себе е многу тежок и стресен. Кога сè уште имате многу пари, разводот може финансиски да ја „повреди“ едната страна, додека другата убаво профитира.

Ова се најскапите и најскандалозните разводи на холивудските везди:

Мајк Тајсон и Гвен

По 8 месеци брак со Мајк Тајсон, Гвен доби околу 10 милиони долари. Како причина за разводот се наведуваат непомирливите разлики, иако многумина ја обвинија дека се венчала планирано и само заради пари.

Џенифер Лопез и Крис Џад

Џенифер Лопез скапо ја плати љубовта со Крис Џад. По бракот, кој траеше нешто помалку од една година, пејачката мораше да плати 14 милиони долари. Иронијата е што двајцата се сретнаа на снимањето на спотот на пејачката за песната „”Љубовта не се купува со пари“.

ФОТО:ПРОФИМЕДИА

Доналд и Ивана Трамп

Пред Меланија, Доналд Трамп ја сакаше Ивана. Сепак, во 1992 година, нивниот брак се најде на тенок мраз по шпекулациите дека Доналд бил неверен на неговата сопруга. За разделбата требаше да плати 20 милиони долари.

Мадона и Гај Ричи

Мадона и филмскиот режисер Гај Ричи беа во брак 8 години, а за тоа време тие го добија синот Рок и посвоија уште едно дете, Дејвид. Сите зборуваа за нивниот развод, што се случи во 2008 година, тоа беше тема број еден. Богатството на Мадона, кое во тоа време изнесуваше 300 милиони евра, значително се намали, бидејќи таа требаше да му плати на поранешниот сопруг 80 милиони.

ФОТО:ПРОФИМЕДИА

Мел Гибсон и Робин Мур

Мел Гибсон и Робин Мур се венчаа во 1980 година. За време на 30 години брак, тие добија 7 деца. Иако сè изгледаше идилично, вистина е дека Робин страдаше од неговите чести измами, а капката што се прелеа врз стаклото беше врската на Мел Гибсон со полумладата Русинка Оскана Григориев. Откако ја изневери сопругата со Оскана, таа побара развод и половина од имотот, па актерот остана без 170 милиони евра, но и приватниот остров што го поседуваше.

Арнолд Шварценегер и Марија Шривер

Арнолд Шварценегер и Марија Шривер се венчаа во 1986 година, а само неколку недели по сребрената венчавка следеше развод. Причината за разводот е вонбрачното дете на Арнолд, кое во тоа време имало 10 години. За да ја олесни разделбата, Марија доби околу 225 милиони евра.

ФОТО:ПРОФИМЕДИА

Кеивн Костнер и Синди

Кевин Костнер и плати за неверството 74 милиони евра на сопругата Синди Силви.