Маж и жена ги исфрлија децата од автомобилот за да имаат интимен однос

571

Скандалозната снимка од родителите кои ги исфрлаат децата од автомобилот за да имаат сеkс, ја запрепасти целата јавност, а инцидентот се случил во паркот Переира Ираола во аргентинската престолнина Буенос Аирес, јавуваат локалните медиуми.

Сцената ја снимил случаен минувач кој се нашол на лице место, а откако го објавил видеото на социјалните мрежи, се случила лавина од негативни коментари и револт.

– Денеска во паркот Переира бев сведок на оваа ужасна сцена. Јасно е дека имаат сеkс во кола, а децата ги исфрлиле од возилото и ги оставиле да врескаат покрај прозорецот – напишал човекот што го објавил видеото, а го пренесува Телевизија A24.com.

Засега не е познато дали похотните маж и жена се родители на децата или родител е само еден од актерите во овој ужасен чин.