Турскиот шампион доведе уште едно големо засилување.
Американскиот плејмејкер, Карсен Едвардс е нов играч на Фенербахче. 24-годишниот плеј, родум од Тексас во досегашната професионална кариера има настапувано за Бостон Селтикс и Детроит Пистонс. Најголемиот дел од ланската сезона го помина во “развојната” лига (NBA G-League) каде во дресот на Солт Лејк Сити Старс беше MVP на првенството како и најдобар стрелец со просечни 26.7 поени по натпревар.
“Фенер” летово претрпе сериозни промени. Нов тренер е грчкиот стратег Димитрис Итудис. Освен Карсен Едвардс во тимот веќе пристигнаа Скоти Вилбекин, Џонатан Мотли, Тони Џекири а се врати и NBA шампионот, Немања Бјелица.
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















