Маленко повторно заљубен: Влезе во петти брак со словенечката пливачка Метка

128
Маленко по петти пат се заколна на вечна љубов, овојпат со негова колешка, поранешната словенечка пливачка Метка Спаравец.

Нашиот најдобар пливач и актуелен претседател на Пливачката федерација Александар Маленко се ожени по петти пат, а фотографии од регистрацијата сподели на Инстаграм.

Маленко по петти пат се заколна на вечна љубов, овојпат со негова колешка, поранешната словенечка пливачка Метка Спаравец.

Очигледно двојката се познава уште од Летните олимписки игри во Атланта каде што и двајцата се натпреваруваа, откако Маленко напиша дека по 26 години кажале „ДА“.

фото: Инстаграм

Метка има 42 години и е родена во Марибор. Во 1999 година беше прогласена за спортистка на годината во својата земја.

фото: Инстаграм

Таа на нејзиниот Фејсбук профил денеска објави дека стапила во брак и на нејзиното презиме го има додадено презимето на нејзиниот нов сопруг, Маленко. Профилот на Инстаграм е затворен за јавноста, но стои напишано дека е мајка на четири деца, тренер по пливање и фитнес-тренер и дека црно-белата е нејзина боја.

Александар Маленко од претходните четири брака има пет деца. Од бракот со водителката и пејачка Сузана Турунџиева ја има единствената ќерка Лора. Со актерката и поранешна директорка на театарот „Комедија“, Јелена Жугиќ, го има синот Ахил. По третпат се ожени со Русинката Татјана Михајловна Фјодорова и со неа има син. Два сина има и со последната сопруга која воопшто не ја експонираше во јавноста.