Од денес големо зголемување на цените на горивата во Македонија

39

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цените на нафтените деривати од денес се зголемуваат.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/литар и од полноќ ќе изнесуваат за ЕУРОСУПЕР БС-95 75,50 ден/лит, а за ЕУРОСУПЕР БС-98 77,50 ден/лит.

За 2,50 денари поскапува и дизелот. Новата цена изнесува 67,50 ден/лит.

Поскапување за 2,50 денари ќе има и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чија нова цена од полноќ.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,630 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.10.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,761 ден/кг.