Обраќање на претседателот Пендаровски до јавноста

353

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска во 12:00 часот ќе се обрати до јавноста. Се очекува тој да го соопшти ставот околу вонредната состојба, која истекува утре.

Од вонредната состојба зависи одржувањето на парлааментарните избори. Тие првично беа закажани за 12 април, но процесот беше замрзнат и одложен поради пандемијата на коронавирус. Доколку биде укината вонредната состојба, продолжуваат да течат изборните рокови, а терминот за одржување на избори е 5 јуни.

Но, засега нема договор помеѓу власта и опозцијата за одржување на изборите на наведениот датум. СДСМ инсистира на брзи избори бидејќи земјата со месеци нема парламент и политичка влада, додека ВМРО ДПМНЕ смета дека тие не треба да се одржат во ситуација кога бројот на лица позитивни на Ковид 19 расте, a земјата се соочува со здравствена и економска криза.