Сега ништо не ја кочи: Меган Маркл ќе ги открие тајните на кралското семејство

152

Изворите за магазинот „Mirror“ откриле дека на Меган Маркл понудена ѝ е огромна сума на пари за пред камерата во шоуто на Опра Винфри, да раскаже што се случило во кралското семејство пред напуштањето на кралството и по нивното заминување и откажување од кралските должности.

Според зборовите на аналитичарот на интервјуто, разговорот со Меган Маркл би бил пандан на разговорот со принцезата Дајана во 1995-та година во кој зборуваше за неуспешниот брак.

ФОТО:ОПРА/ИНСАТГРАМ

Изворите тврдат дека водителката Опра Винфри е првот избор за големото интервју, но дека на војвотката ѝ се понудени интервјуа и со други познати водители, но дека сè уште траат преговорите за сумата која треба да се исплати.

Интервјуто ќе се случи откако ќе заврши карантинот поради коронавирусот затоа што Меган планира да ја врати довербата во луѓето по нападот на британските медиуми.

Британските медиуми пишуваат дека ова е најисчекуваното интервју во новата телевизиска историја.