Иако во светот веројатно веќе и не е некоја новост да видите жена како вози автобус, но сепак во Македонија е реткост, а Макфире Шакири е една од нив. Таа веќе подолго време е возач на автобус во ЈСП.
Иако честопати можете да слушнете како жената не знае да се снајде во сообраќајот или дека е полош возач за разлика од мажите, Макфире без проблем се справува со големите градски метежи, сообраќајната (не)култура, пристојни, непристојни, но и нервозни и дрски возачи и патници.
Таа е една од ретките жени, возачи на автобуси, но вели дека лесно и брзо се снаоѓа во секоја ситуација, а згора на тоа е и самохрана мајка.
Таа пред некој ден на својот Фејсбук профил, сподели фотографија од себе, како позира пред автобусот на ЈСП.
„Добро утро од Огњанци! Ви посакувам убав ден добри луѓе…“, со оваа позитивна реченицa, си ја опиша својата фотографија