МЗТ Скопје Аеродром објави ново засилување.
Во составот по едногодишна пауза, се враќа репрезентативниот плејмејкер Андреј Магдевски. 26-годишниот кошаркар повторно ќе го носи дресот на македонскиот шампион откако денсе потпиша двогодишен договор. Во таборот на “штрковите” беше во периодот од 2019 до 2021 година по што се пресели во Романија, каде со успех го носеше дресот на Плоешти. Ланската сезона во просек постигнуваше над 11 поени и 6 асистенции по натпревар.
Магдевски беше MVP (најкорисен играч) во сезоната 2020/2021. Својот професионален пат го започна најпрво во младинските категории на великанот Реал Мадрид, по што кратко настапуваше за Андалузиска Агзаркиа како и во Белградски Партизан. По две сезони во Фени Индустри и 6 месеци во Гостивар, во вториот дел од сезоната 2018/2019 за прв пат го облече “сино/белиот” дрес.
МЗТ Скопје Аеродром освен Магдевски во својот состав најпрво го задржа капитенот Дамјан Стојановски како и староседелците Бојан Крстевски, Адем Мекич, Дамјан Робев и Бре Ајви. Нови во составот се американците Мајк Кофи и Еван Максвел како и српскиот интернационалец Страхиња Мичович.
Македонскиот шампион сезонава се враќа во “јадранската” АБА Лига, каде на мегдан ќе ги има најсилните тимови од балканот.
Димитар Младеновски