Мадона откри дека поради истоштеноста и силните болки морала да откаже неколку настапи, иако, како што велат нејзините обожаватели, тоа воопшто не е карактеристично за неа.
Простете ми поради овој неочекуван развој на настаните. За мене е голема радост да имам концерт секоја вечер, но болката што ја чувствувам стана преголема“, порача поп-кралицата, и додаде:
Тешко ми е да признам дека сум само од крв и месо, но колку и да го негираме тоа, така е. Морам да одморам следните три дена за да ми закрепне коленото“, напиша Мадона на својот инстаграм-профил и додаде дека нема да се откаже, иако боледува од тешка болест.
Јас не се откажувам. Ова е тешка болест и ќе морам да го собујам високите потпетици и тенките хулахопки неколку дена.
Токму по тој повод, Мадона објави и видеоснимка на која се гледа како изгледаат нејзините третмани за закрепнување по нејзините настапи.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















