Пандемијата со коронавирусот можеби пред некое време ги затворија салите и теретаните за вежбање, но тоа не ги спречи луѓето да вежбаат.
Оние кои се љубители на спортот, вежбањето и одржувањето на кондиција, најдоа алтернатива, па наместо во сала или теретана, вежбаа дома или на отворено.
Македонската водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков денот го започнува со вежбање или со возење на велосипед.
Таа често на социјалните мрежи знае да сподели фотки, видеа од нејзиниот тренинг и да ги мотивира и оние кои се уште не започнале со вежбање.
Меѓутоа, неодамна Снеже се фотографираше пред огледало во лифт и го покажа резултатот од вежбањето, односно мускулите на раце.
ФОТО: ИНСТАГРАМ
Тијана Дапчевиќ исто така е меѓу оние кои се вратија во тератана и на редовното вежбање, а неодамна во една емисија доби коментари дека никогаш не изгледала подобро.
Дапчевиќ како што истакна во една прилика се храни според прогарамата на нутриционисти, а и редовно пешачи и вежба.
И Дапчевиќ во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали со мускулите на раце по напорниот тренинг.
„Се гледа разликата а?“, напиша Дапчевиќ во описот на една фотографија.
ФОТО: ИНСТАГРАМ
А како што вели поговорката – „Во здраво тело, здрав дух“.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











