Заев за „Вечер“: Нема причини за нова вонредна состојба, избори на 5-ти јули

192

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев оценува дека нема потреба од нова, петта, одлука за вонредна состојба во државата, а според него, нема потреба ниту од нов, четврти, пакет на економски мерки бидејќи, како што изјавил за весникот „Вечер“, третиот кој е донесен ќе се реализира до есен.

„Нема никаква причина за Владата да побара нова вонредна состојба бидејќи нема основа за нејзино оправдување. Затоа остануваат роковите за избори онака како што се пропишани по Устав и закон, а тоа е 22 дена по завршување на вонредната состојба, поточно на 5-ти јули“, изјавил Заев за „Вечер“.

Притоа, тој потенцира дека вонредната состојба нема поврзаност со рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, туку досега се носеше за економски мерки за поддршка на економијата и граѓаните.