(Видео) Црногорскa рекламa за коронавирусот стана хит на социјалните мрежи

367

Промотивно видео од Црна Гора во кое се укажува на важноста од превентивните мерки во борбата против коронавирусот стана хит на социјалните мрежи. Во видеото гледаме црногорско семејство додека руча на маса пред куќата, а баба со визир плете покрај нив.

Мајката и ќерката му кажуваат на таткото за новото момче на нивната ќерка, а мајката го фали: „Од добра куќа, многу убав човек, правилно ја носи маската, ги мие и ги дезинфицира рацете“.

Потоа, ќерката му покажува на својот татко слика на еден млад човек со маска и тој коментира: „Убав е, но не дозволувај да ти се приближи поблиску од два метра“.

На крајот на рекламата е прикажана романтична вечер во автомобилот, а кога момчето ќе ја тргне маската и ќе се приближи кон девоката, таа го прска со средство за дезинфекција, по што се открива дека зад маската воопшто не е девојка, туку нејзиниот маскиран татко.

Промотивното видео се појави на „Јутјуб“, а се наведува дека е снимено под покровителство на Светската здравствена организација.

Видеото доби само над 100.000 прегледи за само два дена, а брзо почна да се шири на социјалните мрежи чии корисници беа воодушевени.