Драган Вучиќ одмара на море. Грчкиот јазик го владее како мајчин, а и куќичката на море на Егејот му е онаа истата од Велигден, кога Вучко не береше многу гајле за килограмите.

Арно ама, сега е друго… Треба да се соблечеш на плажа, па водителот реши малку да припази на себе, па затоа велигденското јагне и раженот ги замени со здрава храна.

Пред тоа малку џогинг потење покрај брегот, а потоа овошје за појадок. Малку карпуз и пепун (диња и лубеница), малку течна варијанта во вид на смути и денот може да почне.


По топењето на жешкото сонце, ете го Вучиќ дома на ручек.

Бидејќи плажата му е „во двор“, а и на морската храна не и треба многу да се зготви, водителот за час имаше полна софра.


Шкампи, лигњи, октопод, ципура и салата… Мезе за мерак, кое без узо не оди. До душа и со диета не оди, ама меракот е голем, па „летното возење со Вучиќ“ личи баеги убаво и вкусно! Полна софра, а крај масата?


Само Вучиќ си знае во чие друштво мези и со кого софрата ја дели. Белким не е како во автобусот… Само тој сам?















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















