Застрашувачка сцена во средно училиште: Додека професорот предавал лекција и пишувал на табла, ученик во него вперил пиштол

379

Средоношколец во Католичко училиште во Аргентина бил снимен како вперува пиштол во главата на професорот, додека е завртен со грб.

Вознемирувачкиот инцидент се случил во јули во училиштето Емаус во Ел Паломару во Буенос Аирес, пред учениците да бидат пуштени на распуст. Видеото неодамна станало вирално откако било споделено на социјалните мрежи.

17-годишниот ученик, чие име не е познато, во видеото се гледа како со пластичен револвер покажува кон наставникот Едуардо Сека, додека им објаснувал лекција на двајца ученици.

Уште едно момче стоело зад ученикот со играчката и се смеело. Тогаш ученикот позирал за фотографија покрај ученикот и своето лажно оружје.

Управата на училиштето оваа седмица спровела интерна истрага со учениците и нивните родители и ги осудиле овие постапки: Ученикот кој во училиштето го донел лажното оружје е ослободен од вината, бидејќи не учествувал во инцидентот.

Од Емаус во вторникот најавиле дека на ученикот кој го вперил пиштолот, и неговите тројца пријатели кои учествувале во инцидентот ќе им овозможат да ја завршат тековната училишна година, но нема да може да се вратат во 2020-та.