Лекарка дошла да се породи на ГАК, криела дека свекорот е позитивен на коронавирус!

558

Докторка во деветти месец од бременоста без да каже дека нејзиниот свекор со кого живее е заразен со коронавирусот  во саботата отишла да се пораѓа на скопската гинеколошко акушерска клиника.

Таа не одговорила точно на епидемиолошката анкета, потпишала дека немала контакт со заболено лице по што била примена во болницата. Персоналот ја сместил во соба каде што имало уште две жени.

Докторката била без симптоми, но на Клиниката по 24 часа случајно се расчуло дека во нејзината фамилија има позитивен случај.. Веднаш кога дознале, лекарите ја симнале на долниот спрат, на одделението за изолација за таму да се пораѓа. На своја одговорност потпишала дека ја напушта клиниката и заминала во приватна клиника да се породи, вели директорката на Гинекологија Викторија Јовановска.

Но, докторката не се вратила во болницата и заминала на една од приватна клиника каде се породила.. По пораѓањето и бил направен ковид 19 тест чиј резултат бил позитивен, поради што двете жени што биле со нејзе во соба на државната гинекологија ќе бидат тестирани.

-Ние во исто време вчера кога дознавме ги изолиравме дел од персоналот кој имале контакт со пациентката иако биле адекватно заштитени, но бидејќи сега имаме појачување на персоналот. Тие се дома во самоизолација, вели Викторија Јовановска – Директорка на ГАК .

На Гинеколошко акушерската клиника, од пред девет дена се регистирани двајца вработени – позитивни на вирусот,а 15 луѓе од медицинскиот персонал се во самоизолација. Јовановска апелира пациентите задолжително да кажуваат доколки имаат симптоми или контакт со заболено лице, бидеќи на тој начин ќе го заштитат своето и здравјето на другите.