Америка испраќа помош во Италија: Веднаш пратете сѐ што им треба на нашите сојузници, на располагање ќе им биде и нашата армија!

805

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера нареди неговата администрација да обезбеди помош за Италија во борбата против коронавирусот со испраќање на медицинска, хуманитарна опрема и друг вид на помош.

Трамп нареди низа на мерки за помош на Италијанците, а ги стави на располагање и припадниците на американската армија во Италија кои ќе помогнат во поставувањето на полските болници и транспортот на опремата низ земјата.

„Италијанската Република, еден од нашите најблиски и најстари сојузници е погодена од пандемијата на Ковид-19 која веќе однесе 18 илјади животи и го донесе италијанскиот здравствен систем на работ на пропаст. Исто така се заканува и италијанската економија да ја втурне во длабока рецесија“, напиша Трамп на Твитер.

Италија бележи најголем број на смртни случаи во светот од Ковид-19, а веднаш зад Италија се Соединетите Американски Држави кои веќе имаат регистрирано половина милион заразени од коронавирусот.

Американскиот претседател му наложи на својот министер за трговија да ги поттикне производителите од САД во Италија да ги продадат производите кои се најбарани во Италија, посебно во областа на здравството.

Во документот од државниот секретар, првиот човек на агенцијата за меѓународна помош и претседателот на банката на САД за увоз и извоз, се вели дека тие можат да ги користат овластувањата кои ги имаат за да помогнат во опоравувањето на италијанската економија.