Креспо ги подбра сите критичари на Игуаин: Оставете го на мира, јас гарантирам…

873

Аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуан западна во криза и веќе седум натпревари нема постигнато погодок за калчолигашот Милан, па поради тоа има доста критики на неговата адреса со тоа што некој гласини одат дотаму што велат дека „росонерите“ нема да го откупат неговиот договор од Јувентус.

Овие случувања воопшто не му се допаднаа на Ернан Креспо кој застана во одбрана на неговиот сонародник и им одржа лекција на сите кои го критикуваат.

-Да се критикуваат квалитетите на Пипита е како богохулење. Не можете тоа да го правите, не го правите. Тој давал голови секаде каде што бил и ќе видите ќе запрепне во Милан. Сигурно неговите соиграчи треба да му помогнат, никогаш не сум видел напаѓач да дава голови без тимот да му даде шанси за тоа. Се што можам да кажам е дека Игуаин играше за Реал Мадрид, Наполи и Јувентус. Тој има меѓународно искуство и не може одеднаш да стане лош играч. Треба да се стимулира, ако ништо друго. Тој мора да ја најде радоста што е гориво во шестнаесетникот за било кој напаѓач. Немојте да го критикувате, поддржувајте го и на долг рок таа љубов ќе донесе позитивни работи. Јас тоа го гарантирам, -рече Креспо.