Интер објави, Наинголан нов член на „неро-аѕурите“

171

Италијанскиот фудбалски клуб Интер на својот Твитер профил го претстави своето најново засилување, Раџа Наинголан.

– Договорот со 30-годишниот белгиски фудбалер е со важност од четири години, објави калчолигашот од Милано.

Според првичните информации, износот на трансферот изнесува околу 24 милиони евра.

Наинголан од 2014 година настапуваше за Рома. Минатата сезона одигра 42 натпревари и постигна шест гола.

loading...