Џенифер Гејтс, ќерката на основачот на „Microsoft“ во петокот ја примила првата доза на вакцината против Ковид-19 и се пошегувала на сметка на многубројните теории на заговор околу тоа.
„За жал, вакцината не успеа да ја имплантира генијалноста на мојот татко во мојот мозок – кога само mRNA би ја имала таа моќ“, напишала Џенифер на Инстаграм.
Нејзиниот татко во рамките на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се фокусирал на подобрување на технологијата за развој на вакцините и долго предупредуваше на можноста на пандемија од вирус, пред Ковид-19 да се прошири во светот. Поради тоа Бил Гејтс стана централна фигура на теориите на заговор за антивакцина.
Освен што се пошегувала на сметка на нејзиниот татко, Џенифер (24), која што е студентка по медицина, објавила и своја фотографија со маска и „стикер“ на кој што пишува дека ја примила вакцината.
„Повеќе од привилегирана сум да ја примам првата доза на mRNA која што ќе ги научи моите клетки да додадат заштитен имун одговор на вирусот. Како студентка по медицина која што сака да стане доктор, благодарна сум што тоа ќе ми даде заштита и безбедност за идната пракса. Ги охрабрувам сите повеќе да читаат и да ја разгледаат вакцинацијата за себе и своето семејство кога ќе им се даде можност. Што повеќе луѓе бидат имуни, нашата заедница ќе биде побезбедна за секој“, навела Џенифер.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











