Пролетта годинава ќе задоцни: AccuWeather објави долгорочна прогноза

453

Како што невремето се приближува до Средоземното море, може да повлече поголема влага, што ќе доведе до обилни дождови и грмотевици низ цела Италија и долж западниот брег на Балканскиот полуостров.

Американската метеоролошка служба AccuWeather ја објави прогнозата за пролет 2021 година.

Веста не е најдобра, се очекува невреме да ја следи трасата од Франција, и преку Италија до Балканот, особено во текот на март.

Метеоролозите од AccuWeather забележаа дека ова ќе биде прилично необично време за пролетта. Како што невремето се приближува до Средоземното море, може да повлече поголема влага, што ќе доведе до обилни дождови и грмотевици низ цела Италија и долж западниот брег на Балканскиот полуостров. Ова може да го зголеми ризикот од поплавување до рана пролет, особено во областите кои беа поплавени од дожд кон крајот на 2020 година.

По една од најснежните зимски сезони во најмалку пет години во северозападна и централна Европа, вклучувајќи ја и првата „соодветна снежна бура“ за Холандија во повеќе од една деценија, многу Европејци може да се радуваат на пролетта и враќањето на топлото и сончево време .

„Пролетта ќе задоцни, но нема да биде скратена“, тврди метеорологот Тајлер Ројс.

 

Според „Реперт“ драматична временска промена може да предизвика алергии, особено за оние кои се алергични на полен од дрвја, кон крајот на април до мај поради комбинација на поблаго време и обилна влажност.

Бурно време кон крајот на април и мај може да предизвика премногу дожд.

За Источна Европа се предвидува топло време во текот на пролетта, но регионот сè уште може да подлежи на студен удар – што може да трае неколку дена пред да се вратат потоплите услови.

Генерално топлото време може да биде добредојдено за многумина кои се надеваат дека ќе излезат по зимските месеци, но Ројс предупредува дека заканата од снег може да произлезе од повремени студени налети на пролет. Низ целиот регион, постои поголем ризик од снежни врнежи на крајот на сезоната – претежно во март.