Пандемија со Ковид 19 многумина остави без работа, а најголемиот удар го примија нашите музичари. Многумина од нив пронајдоа друга егзистенција за живот, сменија професиии, но некои од нив се одлучија дел од слободното време да го поминат и во фитнес центар, а една од нив е нашата Сања Ристеска.
Во телефонски разговор за Шило Магазин, Сања навистина потврди дека е позната како Боем во Фитнес центарот, а нејзиниот личен тренер е Професорката по физичко образование, спорт и здравје Ангела Ѓелинческа, која е фитнес шампион на Република Македонија.
“Мојот личен тренер Ангела ме инспирира со чаша вино за да постигнеме подобри резултати, низ смеа раскажала Сања во телефонскиот разговор. Тоа е бидеќи од кафеана и од ресторан се префрлив на здрав живот но да бидам искрена ми фали некогаш да се напијам и чашка вино со пријателите, како што тоа го правевме во минатото, кога се беше дозволено, имаше свадби и секаков вид на други свечености.
ПС:
Еден стар боем рекол: Во кафеана, за разлика од домот и семејството, Ве сакаат заради вашите маани, не заради вашите предности!
Сања не се жали за разлика од нејзините колешки, секојдневно е со луѓето кои ги сака, тука е нејзината фамилија и нејзиниот внук за кого има испеано и песна насловена како ”Марио внуче сакано”.
Кога сме кај свадбите и кај настапите беше запрашана и дали луѓето закажуваат свечености за ова лето??
Сања: Да точно е секојдневно ме бараат и ми пишуваат за свадби и други веселби за ова лето, па да се надеваме дека бројот на заболени ќе се намали па ќе ни биде дозволено да пееме на свадби и во ресторани со ограничен број на луѓе, жално е што многу традиции ги запоставивме но уште пожално е што изгубивме и голем број на наши пријатели роднини поради ова зло, па дај Боже да заврши и ова проклество за да може да живееме и работиме сите без страв.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)





![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



