Квентин Тарантино (56) ја најде љубовта на својот живот и кога наполнил 55 години одлучил за првпат во својот живот да стапи во брак.
Неговата сопруга, Даниела Пик (35), непозната е на американската публика, но сепак успела да го “зароби“ срцето на Тарантино. Парот се запознал во 2009-та година, а продолжиле да се гледаат одвреме-навреме речиси осум години. По веридбата во 2017-та година, парот одлучил да се венча во ноември 2018-та година.

Вчера биле забележани на премиерата на новиот филм на Тарантино. Парот се појавил на црвениот тепих и тоа било доволно да се зборува за нивната љубов.
Познатиот режисер досега го поврзувале со многу актерки, но тој никогаш досега не се оженил.
Своевремено изјавил: „Кога снимам филм јас не работам ништо друго. Целосно сум посветен на филмот. Немам сопруга. Немам деца. Ништо не може да ми застане на патот“.

Парот се верил по осум месеци од изјавата на Тарантино и изавил дека ќе се пензионира откако ќе објави уште два филма.
Која е Даниела Пик?
Даниела во Израел е позната како ќерка на популарниот музичар Свик Пик, а и самата таа се занимава со музика. Снимил дует со својата сестра, а настапувале и на Евровизија. Експертите велат дека нејзиниот глас е сличен со оној на Адел и Ејми Вајнхаус.

Освен со музика, Даниела се занимава и со моделин, а се појавува и во најновиот филм на својот сопруг.
Квентин Тарантино и Даниела Пик вчера се појавиле на црвениот тепих покажувајќи ја нивната љубов на сите присутни.

За оваа прилика Даниела облекла огнено црвен, долг фустан. Облекла и сребрени сандали кои совршено се вклопувале со раскошниот накит и венчалниот прстен.
Квентин бил многу елегантен во темното одело и цврсто ја привлекувал за себе својата млада сопруга.