Хипотиреозата и хипертиреозата се најчести пореметувања на штитната жлезда, а двете ги искусила сертифицираниот тренер за холистичко здравје и основач на сајтот “Hormones Balance”, Магдалена Вселаки.
Таа најпрвин заболела од Гравесова болест (автоимуно нарушување кое предизвикува хипертиреоза), а седум години подоцна ѝ била дијагностицирана Хашимотова болест (автоимуно пореметување кое предизвикува хипотиреоза). Пред шест години, таа открила дека има високо ниво на естроген во телото и тешки метали.
Откако класичната медицина не успеала да ѝ помогне, Магдалена се свртела кон природната медицина и нејзините благодети.
Таа осмислила бројни рецепти кои пред сè помагаат во регулирање на бавната работа на штитната жлезда, а меѓу нив се наоѓа и оваа кремаста салата од компири која комбинира пробиотици и пребиотици.
Пробиотици се бактерии кои се здрави за нормалната функција на цревата и ги спречуваат штетните бактерии да предизвикуваат болести. Пребиотиците се хранливи материи кои бактериите ги употребуваат за раст и размножување, а тука спаѓаат прехранбените влакна и јаглехидратите кои не се разложуваат во горниот дел на цревото и стигнуваат до дебелото црево каде што се наоѓаат поголемиот број бактерии.
Како што вели Магдалена, оваа салата е богата со производи кои лекуваат. Пред сѐ, ладниот компир изобилува со отпорен скроб кој е пребиотик, односно храна за добрите бактерии. Отпорниот скроб им помага на добрите бактерии да се населат во цревата и да останат таму што е можно подолго. Понатаму, рецептот содржи производи богати со пробиотици, како што е киселата зелка. По желба, киселата зелка може да ја замените со лакто-ферментирани краставици, односно краставици кои не се ферментирани во оцет.
Времето за подготовка на оваа салата е 20 минути, а времето за готвење е 45 минути, што значи малку повеќе од еден час. Количината на салатата во овој рецепт е доволна за 8 до 10 порции.
• 1 кг. црвени компири, исечени на четвртинки доколку се големи
• 1 лажица морска сол
• 4 парчиња сланина
• 100 гр. кисела зелка (што не е ферментирана во оцет), исечена
• 2 лажици сенф
• 30 грама млад кромид
• 100 грама мајонез
• 30 грама расол од кисела зелка или 2 лажици јаболков оцет
1. Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови.
2. Варете ги компирите со лушпа во солена вода 45 минути или додека не омекнат.
3. Ставете ја сланината во рерна и печете 45 минути или додека не добие убава кафеава боја.
4. Истурете ја водата во која се вареле компирите и оставете ги да се изладат.
5. Исечете го компирот на коцки со големина од еден центиметар.
6. Додајте ги сите останати состојки на компирите и промешајте.