Кинеската „Мајка на сите бомби“: 6-метарското чудо може да збрише било каква мета!

913

Кинескиот производител „Норинко“ го претстави новото моќно оружје со кое ќе располага кинеската армија наречено „Мајката на сите бомби“.

Ова е најмоќната кинеска ненуклеарна бомба, а бомбардерите од типот “H-6K” ќе можат да пренесат само една ваква бомба поради големата тежина. Оваа бомба е наречена „Мајката на сите бомби“, има должина од 5 до 6 метри, што значи дека може да збрише речиси било каква мета на земјата.

„Бомбата може да уништи утврдени цели на земјата како што се згради, засолништа за одбрана или воени бази“, изјави Веј Донгчуи, воен аналитичар од Пекинг.

Оружјето е многу слично на “MOAB” (Massive Ordnance Air Blast), односно таканаречената американска „Мајка на сите бомби“, но според кинеските воени аналитичари, кинеската верзија на ваквата бомба била полесна и помала.

Од „Норинко“ уште во декември објавија видео на кое што беше прикажана бомбата која што бомбардерот “H-6K” ја испушти од воздух и симулираше огромна експлозија.

Инаку, американската “MOAB” беше развиена уште во 2003-та година кога траеа подготовките за американската инвазија на Ирак. Целиот проект чинеше 16 милиони евра, а подоцна се покажа дека бомбата е премногу моќна, односно преголем е ризикот за да се користи во густо населени места.

Бомбата за прв пат беше фрлена во 2017-та година кога американските сили успешно разнесоа мрежа на подземни тунели кои што во Авганистан ги користеле припадниците на Исламската држава.

Иако никогаш не беа објавени конкретни податоци, во американскиот напад кој го пофали Доналд Трамп, наводно загинале од 36 до 92 терористи.