И унгарското претседателство со Советот на ЕУ на својата сметка на социјалната мрежа Х објави дека министрите за внатрешни работи на ЕУ ја донеле оваа одлука оценувајќи дека тоа е голема победа за Бугарија, Романија и за цела Европа.
„Историски момент е конечно да се дочекаат Бугарија и Романија како полноправни членки на шенгенот. Укинувањето на личните проверки на внатрешните копнени граници со и меѓу тие земји членки беше главен приоритет на унгарското претседателство, а денес го направивме тоа реалност. Овој чекор ќе биде од корист не само за граѓаните на Бугарија и Романија туку и за ЕУ во целина“, изјави унгарскиот министер за внатрешни работи, Шандор Пинтер.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















