Катастрофален земјотрес ја погодил Јапонија: Цело брдо се урнало врз град, уништени куќи! Двајца загинати, десетици заробени во урнатините

970

Најмалку две лица загинале, 143 биле повредени, 38 се водат како исчезнати по силниот земјотрес од 6,7 степени според Рихтер кој ја погодил Јапонија.

На јапонскиот остров Хокаидо во тек е голема операција за спасување по силниот земјотрес кој предизвикал бројни свлечишта кои проголтале куќи, а се стравува дека луѓето се заробени во урнатините.

Градот Атсуми е речиси уништен откако дел од горните гребени се урнале и ги уништиле куќите во близина.

Најмалку 10 луѓе биле префрлени во болница, додека многумина се водат како исчезнати и се стравува дека се заробени во урнатините.

Одроните притоа прекриле и блокирале многу патишта.

Досега е потврдено дека две лица загинале, вклучувајќи и маж на возраст од околу 80 години, кој умрел од срцев удар.

Епицентарот бил на 112 километри југоисточно од Сапоро, на длабочина од 66 километри.