Водно веќе не е исто: Демолиран е сртот кај Бел Камен (фото)

441

„Граѓани на Скопје , од денес планината Водно не е веќе иста. Демолиран е сртот кај Бел Камен, штетата е непроценлива, тоа повеќе не може никако да се санира како што не лажат егзекуторите на Водно. Глетката е тешка и мачна“, пишува планинарот Сергеј Дамовски на социјалните мрежи.

 

Вистински бунт последните месеци се случува за гасоводот чија траса минува низ планината Водно. Еколозите разочарани од постапката на надлежните велат дека се за гасовод но, не преку Водно.

Владата нема слух за нашите барања и лаже дека трасата е скратена-реагираа од иницијативата „Го сакам Водно“.

Од „Го сакам Водно“ предупредуваат дека најголема штета од гасоводот  низ парк шумата ќе претрпи природата и ќе се наштети на животната средина.

„Да повториме по кој  знае кој пат, трасата не смее да се пошумува, мора да остане гола за пристап на возила за да не се оштети самиот гасовод од корењата на дрвата“, велат активистите од „Го сакам Водно“ потенцирајќи дека на овој начин нема да се намали загадувањето.

И покрај најавите на Владата еко активистите не го менуваат ставот.

Владата најави измени на проектот, но токму тие се „шминка“ велат граѓанските екоактивисти.