Канаѓанец отишол директно во Штутгарт за да се пожали од Mercedes S-Klasse

703

Сопственик на возило Mеrсеdеs-Bеnz S550 oд местото Ричмонд во Канада си купи авионски билет до Германија за да се пожали лично во централата на производителот. Тој се жалеше од автомобилот и од услугата на производителот на автомобили.

Да Тонг Јанг платил за S-Klasse 155.000 канадски долари (102.000 евра), но една година после купувањето и поминати едвај 6.400 километри се блокирал воланот и тоа за време на патување до Ванкувер. Тој успеал да запре, но едвај успеал да избегне удар во бетонски ѕид.

Во канцелариите на претставништвото на Mеrсеdеs-Bеnz во Ричмонд биле заменети деловите во рамки на гаранцијата  и автомобилот бил вратен на сопственикот. И покрај ремонтот и уверувањата на механичарите Јанг посакал да го врати возилото и да добие ново бидејќи се плашел за својата безбедност.

Откако дилерот го откажал тоа, Да Тонг се обратил до судот со побарување како за финансиско така и за морално обесштетување. Кога тие не биле реализирани, Јанг заминал за Германија со надеж да добие помош од самиот производител.

Незадоволниот клиент во Штутгарт се сретнал со претставник на Mеrсеdеs-Bеnz и му раскажал за проблемите. Засега Јанг добил само електронско писмо со уверување дека случајот ќе биде разгледан. Канаѓанецот се заканува дека нема да се откаже и доколку е потребно одново ќе побара надоместување во судот.