Кина ги освојува океаните – откриени плановите за новата Атлантида: Подводен комплекс на длабочина од 6.000 метри, но во него нема да има место за луѓе

289

Кина забрзано ги развива плановите за во Јужно Кинеско море на длабочина од околу 6.000 метри да изгради неверојатен подводен комплекс, но не за луѓе, туку исклучиво за вештачка интелигенција.

“Во длабокото море нема патишта, не мора да трчаме по други земји, ние сме патот”, рекол кинескиот претседател Кси Џинпинг. 

Проектот бил започнат на Кинеската академија на науки во Пекинг и се проценува дека ќе чини 160 милиони долари.

Дроновите како кинеското беспилоптно подморско возило Чианлог III би можеле да помогнат во започнување на програмата за истражување на морското дно и да најават доаѓање на колонија на вештачка интелигенција на дното на морето.

Една од можните локации е длабокоморската бразда Манила, сместена во Тихиот океан во близина на Филипините.

Браздата е длабока околу 5.400 метри и е една од сеизмички најактивни светски зони.