Видео: Апокалиптични сцени во Кина, Ченгду е под вода – најмалку 12 загинати

131

Интензивните дождови предизвикале попплави во делови од централна Кина.

Големи површини од земјата во централната кинеска провинција Хенан биле под вода.

Главниот град Ченгду бил под најголем удар откако бил погоден од најобилните дождови, како што рекле метеоролозите, “во последните 1.000 години”.

Во поплавите настрадале најмалку 12 лица.

Ченгду е град со 12 милиони жители на брегот на Жолта река, а 100.000 луѓе биле евакуирани на безбедно, известила новинската агенција “Синхуа”, цитирајќи ја локалната влада.

Голем број припадници на војската и 6.000 пожарникари се распоредени во зоната на катастрофата.

Невидените дождови предизвикале поплави, а се урнала и брана во близина на градот. Стотици луѓе се заробени во згради и хотели. Спасувачите безбедно евакуирале повеќе од 100 деца и постари луѓе, а напорите за спасување и евакуација се уште траат.

Бројни железнички линии ширум Хенан се блокирани, затворени се некои автопати, додека авионските летови се сопрени или одложени.

Од саботата навечер до вторникот попладне паднале 617,1 милиметар дожд по метар квадратен, што е речиси на нивото на годишниот просек од 640,8 милиметри.