Јунајтед пак ќе се „вади“ на гости, Јуве има добитна комбинација

383

Слични задачи како во осминафиналето ќе имаат екипите на Ајакс и Манчестер Јунајтед во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите.

Дури, ако се земат предвид сите околности, тие се во нешто поповолна ситуација отколку кога играа со Реал, односно ПСЖ. Манчестер Јунајтед загуби со 0-2 од „светците“, а вечерва Барселона го совлада со 1-0 на Олд Трафорд.

Далеку од убав фудбал на еден од најмаркантните англиски стадиони и само еден (авто)гол кој го реши победникот. По шутот на Суарес, топката ја удри Шо колку да го измами Де Геа и да и донесе предност на Барселона пред реваншот на домашен терен. Но, Јунајтед покажа дека знае да игра на гости и оваа минимална разлика не мора да значи ништо.

Јувентус го имаше Кристијано Роналдо за да извади 1-1 на гостувањето кај Ајакс. Португалецот го постигна својот петти гол во ЛШ оваа сезона и го отвори резултатот во 45. минута, а на стартот од вториот дел Нерес израмни на 1-1. Ајакс беше многу подобар тим, создаде голем број шанси, упати 18 удари, а Јуве стигна до реми од единствениот директен шут.

Сепак, Италијанците мораат да бидат свесни дека Ајакс во осминафиналето го елиминира Реал Мадрид и покрај тоа што на првиот меч на домашен терен имаше 1-2.