Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата за референдумот

203

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја бојкотира денешната седница, односно пратениците ќе учествуваат на седницата на која се очекува да се распише референдум, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

Тој не одгoвори дали ќе го бојкотираат референдумот и рече дека доколку се изгласа одлуката за референдум, партиските органи дополнително ќе одлучуваат.

„Продолжува самоволието на парламентарното мнозинство за референдумот. Свесни дека е штетно за Македонија, се обидуваат на сила да протуркаат двосмислено прашање. Кое било прашање треба да е по пат на консензус“, истакна Јанушев, кој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа да е декор на власта.

„Член 15 од Законот за референдум вели дека прашањето треба да е недвосмислено, за или против. Потребно е референдумското прашање да биде сосема јасно и прецизно и единствено поврзано со договорот. Вака е манипулативно“, посочи генералниот секретар на опозициската партија.