Преспа ова лето нема доволно места да го смести големиот број туристи кои бараат ноќевање. Затворените граници поради коронаворусот и ваучерите „Дома си е дома“ го наполнија преспанското крајбрежје со гости. Во хотелите, кои ги има едвај пет, сите соби им се резервирани две до три недели однапред. Скоро сѐ е пополнето и по бунгаловите, автокамповитите, а полуксузните вили и апартмани се зафатени до 30 август.
Скапите цени во Охрид можеби беа клучни за да се исполнат капацитетите на преспанското езеро. Преспани не паметат дека имало повеќе народ уште од далечната 1980 година. Се надеваат дека оваа традиција ќе продолжи и по враќањето на животот во нормала