Избришете ги подочниците и препородете ја вашата кожа со помош на сода бикарбона

856

Иако првата помисла на користење на сода бикарбона е поврзана со кујната, не треба да се занемари и нејзиното делување во козметичките цели.

Имено, сода бикарбоната има бројни примени во козметиката – од пилинг до раствор за ублажување на подочниците. Ние ви претставуваме три ефикасни рецепти за чија припрема ви се потребни само неколку минути, а веруваме дека ќе бидете задоволни од резултатите.

Маска за лице

Помешајте две лажички овесни снегулки, една лажичка сода бикарбона и додадете мед. Добиената смеса нанесете ја на лицето, оставете да делува 10-15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Раствор против подочници 

Доколку имате проблеми со подочниците, а уморот дополнително ја влошува состојбата, испробајте го овој раствор. Во 2 децилитри топла вода додадете една лажичка сода бикарбона, добро промешајте и потопете неколку туфери во добиениот раствор. Оставете ги 10 минути на критичните делови, а потоа исплакнете со вода.

Пилинг за лице 

Пилингот од сода бикарбона е еден од наједноставните за припрема – сè што треба да направите е да помешате сода бикарбона со малку вода за да добиете густа смеса. Нанесете ја смесата на кожата и како и секој друг пилинг, лесно вмасирајте во кожата и исплакнете.