Депилирањето и бричењето на нозете е секојдневна летна активност, без која не можат многу жени, но често знае да здосади. Поголем проблем имаат тие девојки кои што се повлакнести, односно многу брзо им растат влакната. На нив бричењето на нозете им е вистинска ноќна мора.
Ако сте една од нив, ви откриваме неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат побрзо и поедноставно да се ослободите од влакната, и исто така поспоро и поретко да ви растат.
Топла бања
Важно е да ги отстраните од корен или што поблиску до коренот. До коренот најлесно ќе стигнете со помош на топла бања, која што ќе ја омекне кожата и ќе ги отвори сите пори. На тој на начин влакната ќе се опуштат, па ќе можете да ги отстраните од корен.
Пена за бричење
Не е наменета само за машката брада, туку и за вакви проблеми. Откако завршивте со уживањето во топлата бања, нанесете пена или гел за бричење кои најдобро ја задржуваат влагата на кожата и потоа можете да ги отстраните влакната најблиску до коренот. Покрај тоа, ваквите средства за бричење содржат и хранливи состојки кои ја смируваат надразнетата кожа.
Пилинг
Станува збор за пилинг од морска сол. Таа најдобро ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата, кои ја намалуваат ефикасноста на бричењето со брич. Советот е, на мокри нозе да се нанесе една рака морска сол, и да се масира кожата со кружни движења.
Начин на кој што треба да се бричите
Заборавете на бричењето кое што е во насока на растот на влакното. Најлесно ќе се доближите до коренот ако се бричите во обратен правец од растот на влакното.