Петер Бен Ембарек од Светската здравствена организација денеска изјави дека доказите кои неговиот тим ги пронашол во Вухан упатуваат кон тоа дека станува збор за „природно појавување на коронавирусот“, спротивно од шпекулациите дека вирусот е направен во лабораторија.
Тој на конференцијата за медиумите на кои беа претставени резултатите од истрагата на Светската здравствена организација истакна дека работата на неговиот тим на идентификување на потеклото на вирусот продолжува.
Според Ембарек, насоката на истрагата се движи кон истражување на природните носители на коронавирусот и сличните инфекции меѓу популацијата на лилјаци.
Тој исто така се осврна во претпоставката дека станува збор за вирус кој „побегнал“ од лабораторијата.
„Хипотезата за несреќата во лабораторијата е малку веројатна за да се опише како вирусот да стигнал меѓу човечката популација. Ова не е претпоставка која ќе ја проучуваме во идните студии“, изјави Ембарек.

„Вухан не е територија која е во близина на такво опкружување, а директен скок на вирусот од лилјаците на тој град е малку веројатен“, истакна Ембарек на конференцијата за медиумите.
Овој експерт вели дека неговиот тим поседува потенцијални докази кои се однесуваат на други видови на животни и истакна дека тој процес е во тек.
Да потсетиме, Ембарек го предводеше тимот на Светската здравствена организација кој помина четири седмици во Вухан со намера да го открие потеклото на коронавирусот кој за првпат се појави во кинескиот град кон крајот на минатата година.