ЗЛАТАН СЛЕТА, МИЛАНО ПОЛУДЕ

89

По седум години Златан Ибрахимовиќ направи кам бек на Сан Сиро, каде во оваа очајна состојба за клубот со душа го чекаат за да им помогне. Изјави дека се враќа дома, а на аеродром го пречека Ѕвонимир Бобан со кој на писта ја врзаа малку и на српски.

Италијанските медиуми денешниот ден го нарекуваат Z–Day. А и така e, кога ќе видите каква еуфорија владее за големата светска ѕвезда. Всушност двајца играчи во Италија со потекло од Балканот денеска се во центарот на вниманието.

Дејан Кулушевски кој играше за Македонија У-17, а потоа ја избра Шведска, направи спектакуларен трансфер на 19 години во Јуве за 35 милиони евра, а Златан кој има босанска жичка се врати во Милан.

Договорот на 38 годишната машина за голови изгледа вака:

– Шест месеци престој за плата од 3,5 милиони евра

– Ако одигра 50% од мечевите, автоматски ќе добие нов едногодишен договор со плата од 6 милиони евра.

– Ако Милан излезе во Европа ќе добие премија од 500.000 евра.

Швеѓанецот слета во 11:30. За денеска му се закажани лекарските прегледи, а утре е пресот за презентација. Тешко дека ќе дебитира на 6 јануари против Сампдорија. Поголема е веројатноста дека тоа ќе се случи на 15 јануари во Куп натпреварот против СПАЛ.

Бобан го пречека на писта. Зборуваа дел на српски, дел на италијански.

Навивачите висеа на огради

Обезбедувањето на маки: Нема да излезе ако стоите тука.

https://twitter.com/MilanNewsit/status/1212693513244160000