Инфраструктурно „чудо“ тешко 4 милијарди долари: Погледнете како никнува највисоката брана на светот

960

Повеќе од десетина години Кина ја има најголемата брана и хидроелектрана на светот – Трите клисури. За неколку години, најверојатно од 2023-та година во оваа земја ќе биде изградена и највисоката брана на светот.

Имено, на реката Даду во југозападна Кина во тек е изградба на браната и хидроелектраната Шуангџиангкоу.

Станува збор за импресивен инфраструктурен проект – брана која кога ќе биде изградена, ќе биде висока дури 312 метри. Тоа е за 12 метри повисоко од моментално највисоката брана на светот, браната Норак во Таџикистан.

Иако повеќе студии покажаа дека браната ќе има бројни негативни влијанија на околината, кинеските власти сепак го одобрија проектот и изградбата започна во 2013-та година.

Главен изведувач на градежните работи е компанијата „Гуодиан Груп“, а вкупниот трошок за изградбата на браната и хидроелектраната се проценува на нешто повеќе од 4 милијарди американски долари.

Целиот инсталиран капацитет на хидроелектраната би требало да изнесува околу 2000 MW.